Вашиот партнер за сигурни и иновативни лифт решенија

Иновации, посветеност, успех

Тимот на Термалифт

Запознајте го тимот и визијата зад нашиот успех

Термалифт e компанија чија дејност е производство на уреди за кревање и пренесување. Тоа вклучува увоз, репарација и продажба на вилушкари и проектирање, набавка, испорака, монтажа, сервис и репарација на Патнички лифтови, товарни платформи, платформи за возила и Ескалатори на територијата на Република Северна Македонија и регионот.

Зошто да не одберете нас?


50

ВРАБОТЕНИ

1500+

ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ

25+

ГОДИНИ ИСКУСТВО

1000

ИНСТАЛИРАНИ ЛИФТОВИ

Што не одвојува од останатите?


  • 25+ години искуство со патнички лифтови и товарни платформи
  • Првиот лифт е испорачан и монтиран од ТЕРМАЛИФТ во 1993 година
  • 50 Вработени
  • Над 1500+ задоволни клиенти
  • Проектирање и монтирање на лифтови според потребите на клиентот
  • Флексибилност према барањата на клинетот
  • Брза и навремена испорака
  • Планирање на динамика на монтажа
  • Резервни делови од лагер
  • Секогаш во чекор со новите технологии во областа на лифтовите
  • Брза монтажа со софистициран алат
  • Ексклузивен овластен дистрибутeр за Орона
  • Oбучени сервисери во Орона според европски стандарди
  • Интерна инжинерска контрола при монтажа и пуштање на лифтот.
  • Работиме според најновите стандарди EN 81-1/2 +A3 и EN 81.20/2020
  • 24/7 техничка и сервисна подршка во целиот регион на Македонија
  • Основна гаранција од 24 месеци со можност за продолжена гаранција

Нашата историја


1965

Корените на Термалифт – Сервис Винклер

Нашите корени во техниката датираат уште пред 40 години, односно во 1965 година, кога таткото на основачот на Термалифт дд, Љубинко Дамјановски, отвори мал сервис за електротехнички апарати под име Винклер.

1990

Компанија Терма

Во 1990 година, по распадот на Југославија и либерализацијата во системот, сервисот прерасна во компанија под име Терма, која ја прошири дејноста со испорака и монтажа на патнички и товарни лифтови од Италија.

1993

Инсталиран првиот лифт

🏆 Почетокот на една иновативна бизнис идеја

1996

Основање на Термалифт

Во 1996 година компанијата Терма се преименува во Термалифт ДД, со основач Драган Дамјановски.

2015

Сертификати

ISO 9001:2015

2016

Orona – авторизирани дистрибутери

Од Мај 2016 г. Термалифт е Независен Ексклузвен дистрибутор за патнички лифтови ОРОНА за Македонија.

2016

Македонски квалитет

Термалифт се здоби со признание за Македонски квалитет за 2016-та година за постигнатите деловни успеси и промоција на македонскиот квалитет на национално и глобално ниво.

2020

Македонски квалитет

Термалифт по втор пат добива Признание за Македонски квалитет сега за 2020-та година, со што го докажува континуираниот прогрес, истрајност и квалитет во сите поминати години, а посебно и сега во ваква состојба.

2020

Инсталиран 500ти лифт

🏆 Остваривме значаен чекор на крајот на 2020 година со инстлирање на 500тиот лифт во станбена зграда во Кочани

2020

Соработка со компании

Термалифт има над 1500 задоволни клиенти меѓу кои може да ги издвоиме: Тим Инженеринг, Настел, Илинден АД Струга, Жикол, Масон инженеринг, УПМ Груп, Електрометал, Цементарница, хотел Арка, Офис-Ком, Евгенија План, Ванхул, Кола, Конструктор, Караорман, Кодинг, Монтенегро, Автомобиле СК, Микеј-Камник, Градска Болница Скопје, Здравствен дом Велес, Хромак, Жито Велес, Велсити, Болница Прилеп, Инженеринг Теракота Прилеп, Козјак Куманово, Евпропа Инвестмент, Битола, Набизи Струга, Полипроект Гостивар, ИГМ Кочани и уште многу други…

2021

Проширување во регионот

Започнавме со деловна соработка со компании и инвеститори надвор од границите на Македонија: Србија (Бујановац, Врање, Ниш….) и Косово (Ѓаковица, Феризај, Приштина…).

2021

25 години од основање на Термалифт

Термалифт ја одбележува 25-годишнината од своето постоење. Формирани како мал сервис за електротехнички апарати, денес испишуваме 25 години успешна приказна, наметнувајќи се како лидер во регионoт во продажбата и сервис на вилушкари и инсталација на лифтови и товарни платформи, ескалатори и паркинг системи, со заедно над 7.000 задоволни клиенти.

2025

Термалифт – Лифтови денес

До денес, Термалифт има продадено и инсталирано над 1000 лифтови во Македонија и соседните земји. Со над 2.000 задоволни клиенти во сите области: продажба на лифтови, товарни платформи, ескалатори, травелатори и лифтови за посебни потреби, како и проектирање, сервис, делови, специјални решенија и други услуги. Со над 25 години искуство, Термалифт ја докажува својата професионалност, искреност и квалитет во својата работа.

Нашиот тим

Драган Дамјаноски

Генерален менаџер / сопственик

Делфина Ѓорѓиевска

Менаџер на сектор лифтови

Даниел Аврамовски

Технички менаџер

Александар Вучковски

Надзорник

Дел од нашите задоволни клиенти