Сервис за лифтови
Професионален сервис и одржување за максимална сигурност на вашите лифтови


ТЕРМАЛИФТ – Лифтови нуди услуга за сервис и одржување на лифтови, товарни платформи, еслакатори, травелатори и паркинг системи. Оваа услуга вклучува редовно или периодично месечно одржување на лифтот и сервис-интервенција по повик на корисник.
Професионалност и експертиза
Обезбедуваме врвна услуга со нашиот тим кој секогаш се стреми кон перфекција.
Континуирана поддршка
Ги завршуваме вашите проекти на време, без компромис на квалитетот.
Персонализиран пристап
Секоја услуга ја приспособуваме според вашите специфични потреби и цели.
Формулар за сервис
Редовно месечно одржување подразбира проверка на лифтот еднаш месечно и вклучува проверка на осветлувањето во машинската просторија, проверка на електрична табла, ниво на масло во редукторот, проверка на кабински врата, водење, проверка на возното окно, кабината, степенот на подмачканост на водилките од кабината, проверка на функционалноста на ограничувачот на брзината и неговите сигурносни контакти, функционалност на стоп копчето и на сите други копчиња, функционалноста на крајните прекинувачи, функционирање на сите врати од лифтот и подмачкување на кабинските врати, функционалност на сензорот за претовар и уредот за евакуација при прекин на електрична енергија, возење на лифтот од станица до станица.