Лифтови за лица со посебни потреби

Термалифт нуди специјализирани лифтови дизајнирани да обезбедат целосна пристапност и удобност за лица со ограничена мобилност. Овие системи се креирани според највисоките стандарди за безбедност и функционалност, со цел да го олеснат секојдневниот живот и движењето.

Пристапност за сите со лифтовите за посебни потреби

Во Термалифт веруваме дека пристапноста е основно право. Затоа нудиме специјализирани лифтови за лица со ограничена мобилност, кои обезбедуваат целосна слобода на движење и подобрен квалитет на живот. Овие лифтови се дизајнирани да одговараат на уникатните потреби на корисниците, комбинирајќи врвна технологија, сигурност и модерен дизајн.

  • Просторни кабини кои обезбедуваат лесен пристап за инвалидски колички.
  • Прилагодливи контроли и копчиња на идеална висина за лесно користење.
  • Ниски рампи и широки врати за непречен влез и излез.
  • Тивко и непречено функционирање за зголемена удобност.
  • Врвен дизајн кој совршено се вклопува во секој објект.
Платформи за вертикален транспорт

Платформите за вертикален транспорт се идеални за објекти каде што не е можно да се инсталира стандарден лифт. Со компактни димензии и модерен дизајн, овие платформи обезбедуваат лесен транспорт за лица со ограничена мобилност

Лифтови за инвалидски колички

Нашите лифтови за инвалидски колички се специјално дизајнирани со фокус на функционалност и сигурност, обезбедувајќи лесен транспорт во секој објект. Со специјализирани конструкции и интуитивен дизајн, тие претставуваат идеално решение за лица со ограничена мобилност.

Побарај понуда


Дел од нашите задоволни клиенти