ЗА ТЕРМАЛИФТ

Термалифт ДД е компанија чија дејност е производство на уреди за кревање и пренесување. Тоа вклучува увоз, репарација и продажба на вилушкари и проектирање, набавка, испорака, монтажа, сервис и репарација на Патнички лифтови, товарни платформи, платформи за возила и Ескалатори на територијата на Република Македонија и регионот.

Термалифт е Ексклузивен дистрибутер за Патнички лифтови Орона од Шпанија на територија на Македонија.

ИСТОРИЈА

(1965) Корените на Термалифт - Сервис Винклер

Нашите корени во техниката датираат уште пред 40 години, односно во 1965 година, кога таткото на основачот на Термалифт дд, Љубинко Дамјановски, отвори мал сервис за електротехнички апарати под име Винклер.

(1990) Компанија Терма

Во 1990 година, по распадот на Југославија и либерализацијата во системот, сервисот прерасна во компанија под име Терма, која ја прошири дејноста со испорака и монтажа на патнички и товарни лифтови од Италија.

(1996) Основање на Термалифт

Во 1996 година компанијата Терма се преименува во Термалифт ДД, со основач Драган Дамјановски.

(2016) Сертификати

ISO 9001:2015

(2017) Orona – авторизирани дистрибутери

Од Мај 2017 г. Термалифт е Независен Ексклузвен дистрибутор за патнички лифтови ОРОНА за Македонија.

Соработка со компании

Термалифт има над 1500 задоволни клиенти меѓу кои може да ги издвоиме: Тим Инженеринг, Настел, Илинден АД Струга, Жикол, Масон инженеринг, УПМ Груп, Електрометал, Цементарница, хотел Арка, Офис-Ком, Евгенија План, Ванхул, Кола, Конструктор, Караорман, Кодинг, Монтенегро, Автомобиле СК, Микеј-Камник, Градска Болница Скопје, Здравствен дом Велес, Хромак, Жито Велес, Велсити, Болница Прилеп, Инженеринг Теракота Прилеп, Козјак Куманово, Евпропа Инвестмент, Битола, Набизи Струга, Полипроект Гостивар, ИГМ Кочани и уште многу други…

Проширување во регионот

Надвор од граници на Македонија, Косово (Ѓаковица, Феризај, Приштина…) и Србија (Бујановац, Врање, Ниш….)

Термалифт – Лифтови денес

До денес, Термалифт има продадено и инсталирано над 1000 лифтови во Македонија и соседните земји. Со над 2.000 задоволни клиенти во сите области: продажба, проектирање, сервис, делови, решенија и други услуги и со 25 години искуство, Термалифт ја докажува својата професионалност, искреност и квалитет.

Зошто да го одберете ТЕРМАЛИФТ?

  • 25 години искуство со Патнички лифтови и Товарни платформи
  • Првиот лифт е испорачан и монтиран од ТЕРМАЛИФТ во 1993 година
  • 25 Вработени
  • Над 1500 задоволни клиенти
  • Проектирање и монтирање на лифтови според потребите на клиентот
  • Флексибилност према барањата на клинетот
  • Брза и навремена испорака
  • Планирање на динамика на монтажа
  • Основна Гаранција од 24 месеци со можност за продолжена гаранција
  • Резервни делови од лагер
  • Секогаш во чекор со новите технологии во областа на лифтовите
  • Брза монтажа со софистициран алат
  • Професионално обучени монтери и сервисери во Орона според европски стандарди
  • Интерна инжинерска контрола при монтажа и пуштање во работа на лифтот
  • Работиме според најновите стандарди EN 81-1/2 +A3 и 81.20/50
  • Ексклузивен овластен Дистрибутeр за Орона лифтови на Територија на Република Северна Македонија
  • 24/7 техничка и сервисна подршка во целиот регион на Македонија
Generalen Menadzer

Драган Дамјановски

Генерален Менаџер / Сопственик

 

+389 75 211 044
dragan@termalift.com.mk

Rakovoditel na sektor

Делфина Ѓорѓиевска

Менаџер на сектор лифтови

 

+389 76 299 479
delfina.dj@termalift.com.mk

ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ