ТЕРМАЛИФТ СЕРВИС
ТЕРМАЛИФТ – Лифтови нуди услуга за сервис и одржување на лифтови и товарни платформи. Оваа услуга вклучува редовно или периодично месечно одржување на лифтот и сервис-интервенција по повик на корисник.
Редовно месечно одржување подразбира проверка на лифтот еднаш месечно и вклучува проверка на осветлувањето во машинската просторија, проверка на електрична табла, ниво на масло во редукторот, проверка на кабински врата, водење, проверка на возното окно, кабината, степенот на подмачканост на водилките од кабината, проверка на функционалноста на ограничувачот на брзината и неговите сигурносни контакти, функционалност на стоп копчето и на сите други копчиња, функционалноста на крајните прекинувачи, функционирање на сите врати од лифтот и подмачкување на кабинските врати, функционалност на сензорот за претовар и уредот за евакуација при прекин на електрична енергија, возење на лифтот од станица до станица. За корисниците каде се врши редовно месечно одржување било каква услуга за сервис-интервенција по повик е бесплатна.
Екипата за сервис на ТЕРМАЛИФТ – Лифтови е достапна 24 часа за било какава интервенција на лифтовите кои ги одржува низ целиот регион на Македонија
Број за контакт: +389 76 299 479