ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Контролор:
Трговско друштво за производство, трговиа и услуги Термалифт ДД Драган ДОО Куманово
Ул. 100 (Карпош) бб, Инд Зона, 1300 Куманово
Тел. +389 31 44 32 00
- Општо
Согласно Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр.42 од 16.02.2020 година ТЕРМАЛИФТ ДОО се јавува како контролор и обработувач на лични податоци, при што ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци согласно закон, а субјекти на лични податоци покрај вработените се и клиентите и други физички и правни лица кои соработуваат, односно ги користат услугите и/или производите на Контролорот.
Со оваа Политика се идентификувани начинот и постапката како овие лични податоци се обработуваат од страна на Термалифт ДОО и од страна на неговите вработени, а со цел да се обезбеди дека при обработката се почитуваат начелата за заштита на личните податоци, а особено дека нивната обработка се врши согласно закон, како и дека се обезбедуваат и применуваат технички и организациски мерки со кои се обезбедува доверливост, интегритет, достапност и отпорност на системите и услугите за обработка на личните податоци. Притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат.
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- Преку нашиот емаил
- Преку пошта
- Телефон и
- Усмено.
Вашите податоци ги обработуваме за конкретни, јасни и легитимни цели, во обем потребен за остварување на целите на обработката и нема да ги обработуваме Вашите лични податоци на начин што е спротивен со тие цели.
- Категории на податоци кои се обработуваат
- Податоци за лична идентификација на вработени (име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ, трансакциска сметка, е-пошта, телефонски број, датум на раѓање…)
- Лични податоци на клиенти (име и презиме, адреса на живеење, е-пошта, телефонски број)
Во согласност со законите со кои се уредува заштитата на личните податоци, Вашите лични податоци може да се обработат на следниве законски основи:
- Кога ги обработуваме Вашите лични податоци потребно е да го исполнувате договорот што го прифаќате, или
- Кога сте се согласиле за обработка на Вашите податоци за специфични цели, секогаш имате право да ја одземете дозволата,
- Обработката е потребна за исполнување на наша законска обврска (за што ќе Ве известиме прекд обработката)
- Кога Термалифт има легитимен интерес за обработка на Вашите лични податоци (при обработка на податоци засновани на правен интерес)
Посредуваето на личните податоци неопходни за целите на договорот се доброволни. Доколку не ни ги дадете Вашите лични податоци, а треба да ја обезбедиме услугата што ја барате (како што се потпишување договори, веб-апликации и сл.), ние нема да можеме да Ви обезбедиме таква услуга.
- Како ги чуваме Вашите лични податоци
Термалифт ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највиско ниво на тајност и на заштита на обработката на Вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Во нашето друштво пристап до Вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информаци за исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.
Вработените во организацијата имаат потпишано Изјава за обезбедување тајност и заштита на личните податоци и се обврзани да ги чуваат и да се однесувааат со Вашите податоци како со информации од доверлива природа.
Вашите лични податоци не се споделуваат со трети лица и се користат исклучиво за цели на функционирање на бизнисот. Освен во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку Термалифт ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат според упатствата на организацијата и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедување на тие услуги, во согласност со апликативните законски прописи за заштита на личните податоци.
Ние ниту нашите партнери нема да ги пренесеме Вашите лични податоци на трети страни во каква било форма, освен ако не добиеме Ваша согласност или ако сме законски обврзани да го сториме тоа. Организацијата задржува контрола над употребата на овие податоци.
- Рокови за чување на Вашите лични податоци
Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:
- Времетраење на договорот (доколку имате договор со нас)
- Времето потребно за обработка на барањето или жалбата (доколку е поднесена жалба)
- Наши законски или договорни обврски.
Вашите податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани. Термалифт чува одредени лични податоци во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на друштвото и само во траење кое е потребно за остварување на целта заради која се собрани.
Некои од Вашите лични податоци потребно е да ги чуваме во архивата за да можеме да одговориме на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони. Доколку имате договор со нас, Вашите лични податоци се чуваат најдолго 10 години по Вашата последна активност.
Вашите лични податоци ќе бидат уништени односно избришани во случај кога: е исполнета целта за која се собрани личните податоци, односно немаме потреба за понатамошна обработка на личните податоци, сте ја повлекле Вашата согласност за обработка на Вашите податоци и сте поднеле приговор или барање за бришење на податоци, и немаме соодветен правен основ за понатамошна обработка на личните податоци
- Кои се Вашите права?
Термалифт гарантира остварување на сите Ваши законски права во врска со обработката на Вашите лични податоци. Вие во секој моемнт имате право да побарате од организацијата:
- право на пристап – право да поденсете Барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за Вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани,
- право на исправка – доколку откриете дека вашите лични податоци што ги обработува организацијата не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка,
- право на бришење– право да побарате од организацијата да ги избрише вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
- право на ограничување на обработката– право да побарате организацијата да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
- право на преносливост на податоците– право да ги добиете своите
лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од организацијата.
- право на приговор– право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон.
- право на повлекување на согласноста– имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци или имате дополнителни прашања поврзано со обработка на Вашите лични податоци, обратете се до Офицерот за заштита на лични податоци електронски, или испратете барање до поштенската адреса наведена подолу:
Трговско друштво за производство, трговија и услуги Термалифт ДД Драган ДОО Куманово,
Ул. 100 (Карпош) ББ-Инд. Зона/Куманово
За Офицерот за заштита на лични податоци на електронската адреса: frosina.d@termalift.com.mk и termalift.hr@gmail.com
Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:
- ваша врска и интеракција со нас.
- Име и презиме на субјектот на лични податоци,
- Контакти за повратни информации – адреса, телефон, адреса на електронско сандаче
- опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас.
- Ажурирање на Политиката за приватност
Термалифт го задржува правото во секое време да ја измeни или доолни Политиката за приватност соодветно на настанатите промени и нашите активности. За секое нејзино менување или дополнување ќе бидат јавно објавени промените.
Термалифт ДД ДОО гарантира за Заштитата на личните податоци на вработените и на субјектите до чии податоци има пристап и изјавува дека ќе се придржува до имплементираните технички и организациски мерки!